Доктор Маркоски одржа предавање пред учениците во медицинското средно училиште

Гинекологот д-р Горан Маркоски одржа предавање пред учениците во медицинското училиште во Охрид. 

 

-„Голема благодарност до д-р Горан Маркоски, специјалист по гинекологија и акушерство при ЈЗУ,,Општа болница” – Охрид, за споделеното знаење и искуство на тема ,,Природно породување”  пред учениците од здравствена струка од четврта година. Преку овие активности учениците имаат можност да учат од врвни стручни лица во својата област, а тоа е доказ за поставените цели и визија на нашето училиште за создавање на квалитетни кадри“,  информираат од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани