Исплатени субвенциите за ученици, студенти и лица со ретки болести

Општина Охрид ги исплати првите три рати од субвенциите кои по претходно распишан Конкурс ги предвиде за ученици од основно и средно образование, студенти и лица со посебни потреби и ретки болести од Охрид.

 

На 137 основци од градов им се исплатени по 4.500 денари или вкупно 616 500 денари.

На 92- ца средношколци им се исплатени по 4. 500 денари или вкупно 414 000 денари. За 15 студенти се исплатени вкупно 135 000 денари, а на 30 лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени вкупно 144 000 денари.

Идниот месец е предвидено да се исплатат наредните три рати од средствата што Општина Охрид ги предвиде за овие категории лица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани