Здружението Балкан ЅОЅ Медија, ЈП Охридски Комуналец и Општата болница од Охрид со помош на винаријата „Лозар“ од Велес обезбедија две илјади литри медицински алкохол за болниците во земјава.
Медициснкиот алкохол е најдобриот дезинфициенс за заштита од корона вирусот.
.jpg)
.jpg)
-Со овој алкохол ќе ги снабдиме сите здравствени центри во општина Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола. Медицински алкохол ќе добијат и Инфективната клиника во Скопје, Ростуше, Тетово, Гостивар, Прилеп и Куманово. Со ова сакаме да го обезбедиме со алкохол регионот кој е зафатен со вирусот Ковид 19. Ова е еден потег кој го прифати винаријата во сопственост на Блаој Механџиски. Во иднина доколку се јави потребата винаријата има оволно залихи за целата територија на Македонија“, вели Сашо Денесоски претседател на Здружението Балкан ЅОЅ Медија.
.jpg)
–„Оваа донација има големо значење за нас, особено во ова време на корона вирусот имаме голема потреба. Глема благодрност на винарската визба „Лозар“ и Балкан ЅОЅ, ќе донираме на сите здравствени установи во кардиолошкиот завод, специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо. така да се надевам дека Опша болница е на добар пат да го соедини целокупниот регион во една заедничка акција се со цел да го победиме овој вирус“, истакна д-р Горан Балев директор на Општа болница Охрид.
.jpg)
