Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА -Охрид денес ќе предаде вредна донација на Општина Охрид.
Станува збор за донација во пристапни рампи за лицата со посебни потреби во вредност од 25,000 евра. На настанот закажан за денес – 22.06.2018 година во 14 часот, во Општина Охрид ќе присуствува министерот за здравство во владата на РМ Венко Филипче и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
-„ Напоменуваме, дека со овој чин се завршува првата фаза со која лицата со посебни потреби ќе добијат пристап до секоја институција,а воедно Општина Охрид ќе постане прва Општина во РМ ,каде лицата со посебни потреби ќе добијат едношалтерска услуга и сите потребни документи општината ќе им ги доставува преку лице со лесен телесен хендикеп ,кое лице ќе биде вработено во општина Охрид,а воедно постанува и прва општина која ги отвори сите врати за лицата со хендикеп“, информираат од Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни Потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА.
Со оваа донација конечно ќе се решат горливите проблеми на лицата со посебни потреби, кои заради недостигот на пристапни рампи се спречени во слободното движење низ градот.
