Донев: Во време на криза ќе се поскапува водата во Охрид

Во услови на економска криза и рецесија како и на намален обем на работа, градоначалникот Георгиески излегува со предлог за ново покачување на цената на водата за пиење, рече на денешната прес конференција Сашо Донев претседателот на ВМР ДПМНЕ Охрид. 

Вистинската причина за поскапувањето на водата е зголемувањето на платите на вработените за 2021 година во ЈП „Водовод“ од над 12 милиони денари и нови 18 вработувања кои охриѓани ќе ги чинат над 5 милиони денари.
Почитувани сограѓани,
Време е да го кренеме гласот!
Нашиот повик не треба да се гледа како партиски интерес, нашиот повик е за обединување на сите граѓани, за Охрид. Ова што ни се случува не го заслужуваме, ваквиот однос на градоначалникот е понижувачки, срамен и потценувачки за сите нас.
Ве повикувам јавно да побарате од советниците кои сте ги гласале да се борат за вашите интереси и да се спротивстават на предлогот на партискиот послушник Георгиески за покачување на цената на водата.
За ваквата одлука на Георгиески граѓаните ќе треба да одвојат од сопствениот буџет вкупно 250 илјади евра годишно.
Дека на забеганоста и нема крај говори и фактот што сè уште има луѓе кои или немаат вода за пиење или истата е микробиолошки неисправна, додека приоритет на Георгиески е како да му вработи личен возач на директорот и разни административни референти.
Доста е! Време е!, додаде Донев. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани