Донев:Народен митинг за победа на Милошевски и Силјаноска

Големиот митинг е во 20 часот на Градскиот плоштад.

Стартот на изборната кампања, општинската ВМРО ДПМНЕ ја започна со прес на претседателот Донев. „Историски мигови за нашата татковина, за нашиот град, моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад“, кажа Донев отворајќи го првиот партиски прес.
-Од денеска ни се отвораат вратите кон нови предизвици. Денешниот ден не е ист како претходните, бидејќи најавува едно подобро утре кое ќе внесе насмевка во охридските семејства. Уште денес започнуваме со работа, која ќе триумфира на 21 април. Oбединети и сплотени да продолжиме со создавање нови дела и вредности, кои се трајни и се за охриѓани.Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата кон сите симпатизери и членови на партијата, но и сите оние кои сакаат промени заедно да дејствуваме во насока на подобрување на општественото живеење во Охрид, истакна Донев.
Тој, до сите граѓани го упати следниов повик:Ве повикувам на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија” денеска на Градскиот плоштад во 20:00 часот.Заеднички да излеземе и дадеме поддршка за победа на Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид и проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.Зааедно да почнеме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија.За поубав Охрид! За право и правда, за Македонија, !

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани