Донирани два компјутери за лица со посебни потреби

Охридското Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби „СОС БАЛКАН МЕДИА“, во соработка со „Зегин“ аптеките, донираа два компјутери кои ќе бидат поставени во просториите на општина Охрид.

Донираните компјутери се специјализирани за лица со оштетен вид и со телесен хендикеп.

Донацијата во име на градот ја прими градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Со оваа донација општина Охрид, ќе биде прва општина која поседува технички средства со кои на лицата со оштетен вид и телесен хендикеп им се олеснува процесот на доставување на барања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани