Дошол на гости во Охрид и починал

62 годишен лабуништанец, вчера починал во домот кај својот пријател во Охрид.

Настанот се случил набрзо откако лабуништанецот пристигнал во посета на својот пријател. Според полициското соопштение, на 15.07.2017 година во 22. 30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар -Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. “Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот. Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани