После еден месец тлото во охридско се смири

Се смирува тлото во охридско. Последниве денови охриѓани може да здивнат, а богами и туристите.

Нема веќе земјотреси. Последните два  слаби земјотрес се реигистриран вчера утрото Едниот  со јачина од 2,4 степени, во 6 часот утрото и вториот   потрес со јачина од 2,4 степени. Од тој момент тлото е мирно. Експертите не очекуваат посилни земјотреси во регионот. 

Помина речиси цел месец, од 18 јуни а во охридско се случија повеќе од 1200 земјотреси Најакиот беше со интензитет од 5 степени, а пред него и по него повеќе земјотреси со јачина од 4,0 степени. 

Охриѓани живееја во страв и паника. Голем дел од граѓаните спиеја во своите автомобили, дел на плажите, дел во автокамповите. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани