ФОТО: Некој меѓу нас, е загадувач на природа

Неверојатно е како некој наши сограѓани со леснотија и без трошка совест, ја загадуваат природата и ја гнасат оваа убавина од Господ дадена.

За неверување е дека, сеуште има „луѓе“ кои својот отпад го фрлаат низ нашата околина, во близина каде живеат луѓе, на места кои се восхит на охриѓани и на туристите. Несовесните, фрлаат вреќи полни со ѓубре каде ќе стигнат, претпоставуваат дека тоа го прават „скришно“, без никој да ги види. Сепак,нечие око ќе ги „sирне“ како се вртат лево-десно а потоа како брзо, речиси секавично ги вадат тешките вреќи полни со домашно ѓубре и со жестина ги фрлаат со сета сила. После тоа, како со невидено олеснување, пак поглед лево-десно и право  в кола со брзина бегаат, среќни што, успешно и „без никој да ги види“, се ослободиле од смрдливото ѓубре што, дома им, толку многу им сметало. Ете, тоа е умствениот капацитет на одредени наши сограѓани кои можеби сеуште не слушнале за контејнери и кои незнаат да ја сакаат и да ја чуваат природата која е и нивна и на нивните поколенија. Најважниот дострел за нив е дека дома, сега немаат, или имаат помалку отпад, се ослободиле од смрдливото ѓубре од кое не можеле да дишат. Нека бидат среќни што не ги објавуваме со слика а од екологија им даваме чист кец. Благодарност до нашиот читател од „Чекоштина“, кој ни ги прати овие фотки како доказ повеќе дека, некој меѓу нас, сеуште си фрла отпад каде ќе стигне но и како сурова вистина колкава може да биде човечката негрижа за природата што го краси Охрид и охридско. Нека ова биде уште една лекција за сите нас, како не треба кон природата. Првите сто години се тешки, после, се гледаме во почиста природа.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани