Дрвокрадците немилосрдно ги пустошат шумите во Југозападниот регион во земјава.
Полицијата изминатиов период заплени седум коњи натоварени со дрва во атарот на селото Црвена вода во Дебарца. Три лица од струшко Мислодежда беа фатени на дело, во неовластена сеча и кражба на дрва на простор сопственост на „Македонски Шуми“. Пред неколку денови полицијата „улови“ цел камион со крадени дрва на патот Струга – Дебар.
„Сите овие активности значат бескомпромисна борба сна ЦВР Охрид против сторителите на акзнените дела нелегална сеча на шуми, нелегална трговијса со дрвна маса, ппустошење на шуми итн. Сите овие активнсти СВР Охрид ги презеема во континуитет смаостојно но и во координација нсо шумската полиција“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Вистински масакр се случува на Јабланица, таму секојдневно се пустоши шумата, сведочат мештаните. Најкритично е во струшко Октиси. Жителите велат нелегалната сеча ја врши Македонски шуми, за што протестираа во февруари годинава. Тие поднесоа и петиција поради неконтролираната сеча во атарот на селото.
–После осум месеци жителите на село Октиси повторно се соочуваат со сеча со која се загрозуваат изворите и немаат право на нивната сопственост одземена им е од државата. Јас сум тотално разочаран од целата ситуација , вели Енис Мемедоски претседател на МЗ Октиси.
Крадените дрва се продаваат на црниот ппазар за огрев по пониска цена од продажната на Македонски шуми. За илегална сеча годинава се пподнесени десетина кривични пријави.
–Запленети џипови, автомобили, комбиња и камионисе дел од акциите на СВР Охрид и шумската полиција, оние кои усеале да избегаат со ппленот украдените дрва ги продаваат на црни пазар.
Од крадците не се поштедени ниту селата во охридскиот регион. Дивата сеча години наназад е доброорганизиран бизнис од кој одлично се профитира.
Годинава полицијата спроведе 59 акции во струшко при што запленети се стотици кубни крадено дрво. Полицијата и во наредниот период ке продолжи со засилени акции.
Новинар Соња Рилковска