Државниот инспекторат за животна средина изврши увид во заштитеното подрачје во Вевчани

Државниот инспектрат за животна средина, согласно  септемврискиот месечен план изврши  редовен инспекциски надзор во заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори.

 

При увидот се разговараше за предизвиците с кои се соочува заштитеното подрачје како и поинтензивна соработка и санкционирање на прекршителите на законот. 

-Со заштитеното подрачје управува Општина Вевчани која има изработено План за управување со Споменикот на природата Вевчански извори за периодот 2019 – 2029 година како и Годишна програма за заштита на природата за 2021 година. Двата документи имаат добиено согласност од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Одделно од инспекцискиот надзор беше одржана работна средба на В.Д Директорот на ДИЖС М-р Сретен Стојковски со Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски на која се разменија мислења околу предизвиците при управување со заштитеното подрачје, а беше дискутирана и последната информација дека и општината ќе биде вклучена во програмските активности на PONT-Прекуграничен фонд за охридско-преспанскиот регион со што ќе биде олеснето и одржливото управување со Вевчанските извори.
По инспекцискиот надзор и работната средба, во придружба на ренџерската служба од заштитеното подрачје се направи теренска обиколка и беа посетени локалитетот Јанков камен – излетничко место со планинарски дом, како и патеките околу Вевчанските извори, а беше договорена и поинтензивна соработка на ДИЖС и ренџерската служба во делот на санкционирање на сторители на прекршоци во заштитеното подрачје и одржување заеднички обуки во текот на есенскиот период, информираат од Државниот инспекторат за животна средина. 

Можно е да е слика од дрво, водна површина и природа

Можно е да е слика од природа, дрво и трева

Можно е да е слика од природа и водна површина

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани