Поминаа 20 години од донесувањето на законот за денационализација во Република Македонија , но нашата фамилија се уште не може да го оствари основното право загарантирано со Устав во Република Македонија, а тоа е сопственоста, се жалат сопствениците на земјиште во Градиште.
-„Имено поради грубо кршење на законите и Уставот на Република Македонија од страна на комисиите за денационализација при министерството за финансии на Република Македонија не можеме да го вратиме нашиот имот кп.бр.1107 во месноста наречена Градиште во близина на Охрид и тоа атрактивна локација на Охридското крајбрежје. Оваа судбина ја имаат околу 30 фамилии од Охридскиот регион
Проблемот е лоциран. Комисиите (првостепена и второстепена ) при министерството за финансии на Република Македонија не ги почитуваат законите и Уставот на Република Македонија, и не ги спроведуваат пресудите и одлуките на Управниот суд на Република Македонија, појаснуваат оштетените.
Управниот суд на Република Македонија до сега во неколку наврати (четири наврати) ги уважи нашите тужби и донесе пресуди за враќање на нашиот имот. Пресудите сите овие години не ги почитуваат комиисиите за денационализација ( првостепена и второстепена).ВИ НАГЛАСУВАМ КОМИСИЈАТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО БАРАЊЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ЗА ОПШТИНИТЕ ОХРИД , СТРУГА И РЕСЕН ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НА РМ НЕ ГИ СПРОВЕДУВА ПРЕСУДИТЕ ОД УПРАВНИОТ СУД НА РМ И ТОА ПРЕСУДА У.бр.5489/2007 од 19.06.2009 , пресуда У.2.бр.1898/2010 од 21.03.2012 , пресуда У.2.бр.899/2013 од 13.11.2014 и пресуда У.2.бр.699/2015 од 04.11.2016. ВО СИТЕ ПРЕСУДИ НА УПРАВНИОТ СУД СЕ ПОНИШТУВААТ РЕШЕНИЈАТА на комисијата ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО БАРАЊЕ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ЗА ОПШТИНИТЕ ОХРИД, СТРУГА И РЕСЕН . Затоа на 12.09.2017 поднесов кривична пријава против осомничената :Валентина Димитровска ,која е претседател на Комисијата за одлучување по барања за денационализацијаза општини Охрид, Струга и Ресен во министерство за финансии во Владата на Република Македонија.Со непочитување на пресудите од Управниот Суд како и со непочитување на законите и Уставот на Република Македонија нас ни е причинета значителна штета затоа против претседателката на комисијата Валентина Димитровска поднесена е Кривична пријава за кривично дело ” Злоупотреба на службена должност” предвидено во Кривичниот законик.
Членовите на комисиите изминатите 18/19 години даваат паушални оценки, кои не се поткрепени со факти и се спротивни на законот за денационализација , законот за градежно земјиште… Комисиите погрешно ја утврдиле фактичката состојба, напревена и е повреда на постапката , повредено е начелото на материјалното право …. Комисиите даваат и погрешно оквалификување на земјиштето ,погрешни и непотполни констатации.Според указите и пресудите на Управниот суд комисијата била должна да ги отстрани наведените недостатоци .
Накратко кажано: овие комисии работат спротивно на законите и Уставот на Република Македонија и членовите треба да сносат одговорност.Со непочитување на пресудите од Управниот Суд на Република Македонија нас ни е причинета значителна штета. На последните решенија стои потпис на претседателката на комисијата Валентина Димитровска и затоа на 12.09.2017 поднесов кривична пријава за кривично дело ” Злоупотреба на службена должност” против осомничената :Валентина Димитровска ,Председател на Комисијата за одлучување по барања за денационализацијаза општини Охрид, Струга и Ресен во министерство за финансии во Владата на Република Македонија.
Во последно време (веќе неколку месеци ) се врши невиден притисок врз сопствениците на имоти на Градиште да отстапат од своите барања за враќање на имотите по пат на денационализација.Но она што е најсомнително во моментов е што кај моите роднини (исто така баратели на имот )почнаа да доаѓаат нови решенија од комисијата за денационализација иако за предходните решенија од оваа комисија кои се обжалени до Управен суд на РМ сеуште немаме пресуда ! ! ! Решенијата се потпишани од Валентина Димитровска уште во Август 2018, а се испраќаат сега во Јануар 2019. ДЕФИНИТИВНО НЕКОЈ САКА ПОД ХИТНО ДА ГО ЗЕМЕ ГРАДИШТЕ И ТОА НА НЕЛЕГАЛЕН НАЧИН!!!
Би сакала да спомнам и дека на 01.07.2018 во просториите на ОУ во Пештани (Охридско) беше одржан состанок на кој присуствуваа сопственици на имоти во Градиште (баратели на денационализација), Ѓоре Танески претседателот на здружението за враќање на национализираните имоти во Градиште „Оревче„ , пратеничката во Македонскиот парламент од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Татијана Лалчевска и новинарот Љубиша Арсиќ.
На состанокот Ѓоре Танески даде осврт на досегашните заложби за враќање на нашите имоти и за голготата која трае 19 години! Ѓоре напомена дека во изминатиов период во 2018 година имало и средби со Охридските пратеници 21.05.2018 како и со претставници на владата на Република Македонија 26.02.2018 и каде биле известени дека е оформена специјална комисија за случајот „Градиште„ а лица задолжени се Драги Рашковски и Тања Чачарова.
На состанокот на 01.07.2018 се обрати и новинарот Љубиша Арсиќ кој кажа дека во “овој случај” е “медијатор”, “консултант”,”лобист” помеѓу барателите на имот и владата ?!? Исто така Љубиша Арсиќ кажа дека: „ оваа влада предводена од премиерор Зоран Заев е спремна да им плати на сопствениците на имоти во државни обврзници по 6000 денари по м2 а притоа барателите да ги повлечат и да се откажат од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на Градиште„! Спомна и „ дека на ова место никогаш нема да се издаде градежна дозвола и интересот на оваа влада е да изгради современ камп во кој ќе бидат вработени членови на фамилиите кои се засегнати со денационалозацијата„. Не можам да прифатам „новинар„ да бара од нас да прифатиме обврзници, да се откажиме од сите досегашни тужби и жалби во врска со денационализацијата на Градиште„ и сторителите на незаконски дела да не бидат казнети и од „газди да станиме нечиви слуги „.
Постои стручен наод и проценка од август 2014 година каде според вештакот М-р Миле Велјаноски дип.град.инж.од пазарната вредност со овој наод во овој регион е определена на износ од 12300 (дванаесет илјади и триста) денари.Така да при купопродажба на земјиште во овој регион се плаќа данок според овој стручен наод и проценка.
Битно е да се спомене и дека денационализиран имот во Градиште му е вратен на Македонската Православна Црква (МПЦ) и тоа е решено во Скопје на ден 07.04.2008 а решението е заведено под под ДН.бр.19-741/03. Ако не било спорно да се врати на МПЦ значи не е спорно да се врати и на останатите сопственици.
Сите известувања од комисијата за денационализација, пресуди од Управниот Суд како и вакви непристојни понуди пристигнуваат пред почеток на туристичката сезона ! Зошто? Затоа што секоја сезона е битна за оние кои стопанисуваат со Градиште. Со Градиште стопанисува фирма во приватна сопственост.Тие заработуваат од : изнајмување на камп приколки, изнајмување на бунгалови , изнајмување на шанкови , изнајмување на деловни простории (продавници), наплата на паркинг по 100 денари од автомобил … СЕКОЈА ГОДИНА ЗАРАБОТУВААТ ОГРОМНИ ПАРИ ОД НАШИТЕ ИМОТИ! Иако во решенијата од комисиите за денационализација при министерството за финансии на Република Македонија стои дека корисник е АД „Инекс Горица„ – Охрид според документ издаден во централниот регистар на Република Македонија со Градиште стопанисува Трговско друштво за угостителство, туризам, трговија и услуги Колеска Атина ДВА БИСЕРА Лагадин, Охрид ДООЕЛ – Подружница Автокамп Градиште . Дали овие фирми во приватна сопственост имаат договори за стопанисување со Градиште? Врз основа на кој закон тие стопанисуваат со имот кој е во процес на денационализација ? Во решенијата од комисијата за денационализација не е утврдено врз основа на кој основ приватна фирма се прикажува како корисник, а според пресудата од УПРАВЕН суд од 2015 истиот субјект има третман на УЗУРПАТОР на земјиште!
Но тие не се единствени кои заработуваат од од нашите имоти.Тука се и закупниците на камп приколки кои кои ги издаваат камп приколките преку интернет и тоа преку сајтовите пазар 3, реклама 5 како и социјалните мрежи (фејсбук) …
СО ЕДЕН ЗБОР СИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ОД НАШИТЕ ИМОТИ САМО НИЕ НЕ!
Ние плаќаме : скапи процеси, скапи адвокати, скапи судски трошоци, судски такси, тужби, …
Во наредниот период до сите институции,органи,невладини организации и дипломатски кор како и до сите медиуми ќе биде испратено циркуларно писмо со сите нерегуларности и со сите докази со кои располагаме за начинот како се работи во Градиште и како некој незаконски сака да го заграби најатрактивниот простор на Охридското крајбрежје! А воедно ќе се повикаат сите институции под хитно да го решат овој долгогодишен проблем.
До институциите и органите на РМ Крајниот термин за решавање на проблемот со Градиште е 01.03.2019 .Се определува рок затоа што : исполнети се сите услови за враќање на имотите и доволни беа 19 години за злоупотреби и манипулации!
Прашање до институциите и органите на РМ:
– Зошто никој не исконтролирал дека комисијата за одлучување по барања за денационализација за општини Охрид, Струга и Ресен во министерство за финансии во Владата на Република Македонија не ги почитуваат законите и Уставот на РМ а исто така не ги почитуваат пресудите и укажувањата на Управен суд веќе 15 години?
– Чии интереси штити комисијата за одлучување по барања за денационализација за општини Охрид, Струга и Ресен во министерство за финансии во Владата на Република Македонија?
– Зошто комисијата работи спротивно на законите и Уставот на Република Македонија ?
– Што правеле надлежните?
– Зошто фактичката ситуација е лажно прикажана?
– Зошто правната ситуација е лажно прикажана?
– Зошто не реагира градежната инспекција бидејќи Градиште изгледа очајно со сите тие импровизиции ?
– Зошто се дозволува со Градиште да стопанисува приватна фирма кога имотот е процес на денационализација ?
– Зошто не се преземени истражни дејствија за незаконското работење ?
– Зошто при составување на увидот записникот не сме и ние присутни?
– Зошто не сме уредно поканати ?
– Зошто немаме копија од увидите?
– Како може стопанисување на приватна фирма со автокамп да е јавен интерес?
– Зошто никој не превзел истражни дејствија за лажното претставување на фактичката ситуација?
– Зошто не е утврдено поради кои причини градежната инспекција и урбаната полиција срушија неколку од објектите во тн авто камп Градиште на други парцели во текот на летото 2004?
– Зошто некој од газди сака да не направи слуги со непристојни предлози ?
– Зошто до сега никој ништо не превземал да се реши Градиште ?
– ЗОШТО СЕВО ОВА ТРАЕ ВЕЌЕ 19 ГОДИНИ ?
– ЗОШТО …?
автор Адријана Башоска
