Двајца охриѓани починаа во сообраќајка кај Ресен.
На 11.03.2021 околу 13.40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистрален пат Ресен-Битола, кај место викано „Долна крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(36) од Охрид и товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(33) од с.Ваташа, кавадаречко. Во незгодата, од здобиените повреди на местото на настанот починале возачот Д.К. и Ј.Ќ.(34) од Охрид, сопатник во возилото „мерцедес“. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Ресен.
