Двајца охриѓани се степале на улица.
На 09.04.2021 година во СВР Охрид е пријавено дека на 08.04.2021 околу 20 часот на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ѓ. врз Л.Ѓ.(65), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
