Во Пештани се степале двајца охриѓани.
На 17.05.2022 година околу 22 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на селото Пештани, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ц. врз С.Р.(43), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.