Дванаесет пештери на Галичица чекаат туристичка валоризација

Мистериозните пештери на Галичица да станат туристичка атракција.

Охрид има капацитет и треба да развива спелеолошки туризам, сугерираат експертите.
На планината има 12 откриени пештери, но само една беше мапирана и туристички валоризирана, за посета на гости. Тоа е пештерата „Саматска дупка“ , но денес и таа е затворена и недостапна за разглед на туристите, бидејќи вандали ја украле опремата.
Пеештерите мора да бидат мапирани и обезбедени , а со тоа да станат дел од туристичката понуда на градот Охрид.

Охридскиот факултет за туризам за прв пат изработи стратегија за развој на спелеошлошкиот туризам, кој во земјава се уште е во зародиш.

„Нашето богатство овде ние максимално треба да го сикористиме. Многу малку на пример се посветува внимание на абразивните тераси кои ги иамме а досега не сме ги користеле. Имаме многу многу големо богатство на просторот на Охрид и неговото опкружување кои мо7ат да бидат интересни за туристите а спелеолошкиот туризам е еден од тие активни форми кои многу малку се застапени во самата држава а и Охрид и Галичица. Врз основа на студијата која ја работевме за министерството за економија кое беше многу коректно во поставените задачи за развој на спелеолошкиот туризам во РМ. Сега бара да се тоа имплементира на оптимален начин јас се надевам дека тој процес набргу ќе добие една финална завршница со позитивни резултати“ , вели Науме Мариноски професор на ФТУ Охрид.

Најголемата пречка во туристичката валоризација на пештерите се лилјаците кои живеат и се размножуваат токму во нив.Затоа во некои пештери треба да се избегнува дирекна посета, може да се направи само туристичка и едукативна презентација на пештерата.

„Пештерите кои не се во можност да примаат туристи можат да се валоризираат на еден поинаков начин, кои ние го предложивме во нашата студија, а тоа е да го имаат оној едукативен дел односно да се направат исчекори во самото презентирање на пештерата Таа не секој пат мора да се користи само за влегување внатре туку со методи кои ние ги рпедложуваме кои не мора да го девастриаат спелеолошкиот туристички аспект“ , додава Мариноски.

Спелеолозите од Охрид во 2015 година открија нови седум пештери на Галичица од кои три се под вода на албанска страна. Постојат документи дека има уште неоткриени пештери и по нив трагаат спелеолозите.
Ветри Гумења, Свинска Стрна, Војла и Горно Студино се дел од пештерите, кои се уште чекаат туристичка валоризација.
Холанѓаните се најголемите вљубеници во планината, а пештерите ќе биде мотив плус за посета на Галичица.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани