Фатени со кокаин две лица во угостителски објект во Охрид.
Вчера во 00.05 часот, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници ги привеле две лица од Охрид. Имено, кај едниот (30 годишен) бил пронајден кокаин, додека другиот (22 годишен) бил затекнат при користење на дрога. По целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.