При семејна расправија пукал со пиштол.
На 29.04.2022 во 20.55 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.К.(50), од струшкото село Долна Белица. Тој, при семејна вербална расправија, испукал во воздух со пиштол, а при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа два пиштола марка „WALTHER“ и „LUGER“ и 55 куршуми калибар 9 милиметри. Истите се одземени, лицето е приведено на полициска станица и по целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.