Од Основното јавно обвинителство(ОЈО)- Охрид информираа дека го добиле Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот центар Охрид.
Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса.
Двегодишната Анастасија Маркоска од Охрид првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија пуштено дома. Поради влошување на состојбата истото во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот, стои во денешното соопштени на Јавното обвинителство.