Двесте туристички водичи од Охрид без работа

Туристичките водичи и придружници од охридско струшкиот регион  останаа без работа. Околу 200 едуцирани водичи,  кои со години   ги претставуваат убавините  пред странските гости , се жалат дека  се заборавени од државата.

 

Ако  до лани главните приходи ги остварувале од водење групи почнувајќи од март до октомври , годинава  поради пандемијата нивните приходи се нула.

– „До  ден денеска никој не се сети на туристичките водичи. Иако во неколку наврати  конкретно од Македонската асоцијација за туристички водичи и придружници во два два наврати побаравме од Владата од Министерството за економија и финансии, но до ден денеска никаков одговор не е добиен“, вели Климент Наумов претседател на Здружение на водичи од Охрид. 

Голем дел од водичите бараат алтернативни решенија, но  и  очекуваат пакет мерки за помош од Владата.

„Нашите ангажмани во еден догледен период ќе бидат нула ние сме првите кои ги изгубија ангажманите и ќе бидеме последните кои што ќе рестартираат со работа. За жал тоа е реалноста се надеваме и апелираме до надлежните институции да ја разгледаат можноста и да не удостојат барем со одговор на нашите барања“, вели Наумов.

Распоредите на водичите за оваа сезона им беа  потполно исполнети, но за жал поради пандемијата сите анагажмани им се откажани до  март 2021 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани