Еден хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот на Галичица

Еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ попладнево се вклучи во гаснењето на пожарот на планината “Галичица” кој е активен на непристапен потег.

Според најавите во текот на утрешниот ден ќе се делува со две летала од воздух. Денеска на мое барање се одржа состанок на кризениот штаб на кој присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и СВР Охрид. Беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и одлуката од утре 06.09.2021 година од 6 часот да биде испратена екипа од 40 лица, кои ќе заминат на терен со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Екипата ќе делува на потегот каде што нема остатоци од. неексплодирани гранати, информира градоначалникот Константин Георгиевски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани