Еден Македонец заразен од корона вирус на крузерот

Согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи, информираме дека дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама, Јапонија, соопштија од Министерството за здравство.

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од нив кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин, наведуваат оттаму. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани