Единаесет пријави на заболени од грип во Центарот за јавно здравје Охрид.
Сите тие се заболени во последнава недела.
– „Вообичаено ова е периодот кога грипот почнува да зема замав. Очекуваме крај на јануари почеток на февруари грипот да земе поголем замав. Би сакал да нагласам дека се уште имаме вакцини против грип како единствена и најефикасна заштита и препорачуваме оние кои не се вакцинирале,тоа да го направат во текот на овој месец“, вели Сашо Точков раководител на Центарот за јавно здравје Охрид во изјава за Охриднет.ком.
Изминатата недела (од 30 декември до 5 јануари), се регистирани 207 заболени од грип, што е зголемување за 31 отсто споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 158 случаи, се наведува во извештајот што ја својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.
Најголем број случаи – 140 се пријавени во возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 16,4 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.
Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 1.035.
