Екипите на Комуналец од синоќа на терен го расчистуваат снегот

Првите снежни врнежи Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги дочека подговено.

 

-„Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег  во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок на оперативните служби и екипирани се дежурните служби кои излегоа на терен од раните утрински часови. Ангажирана е расположивата механизација за дејствување во зимски услови: два камиони со приклучоци епоха и ножеви за чистење снег, трактори со нож, две соларки, помал багер за чистење снег во тесни улици и др.  Согласно Програмата за зимско одржување  на територија на општина Охрид за 2020 год., третирани се со абразивни средства улицитe со највисок приоритет и ризик во зимски услови, а потоа се опфатени и останатите. Се отстрануваат и снежните наноси по чаршијата, тротоарите и јавните пешачки зони“, информираат од ЈП Охридски Комуналец. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани