Каналот „Билјанини извори“, наместо гробница на стари искршени пловила да прерасне во мала Венеција.
Прво да се исчисти коритото, да се отстранат паркираните чамци, бродови, кајчиња , а каналот да стане туристичка атракција. Во него да се плови само со весла, со стари дрвени чунови на туристите да им се раскажува приказната за самовилата Билјана.
Целиот простор да добие еко туристичка валоризција, предлагаат туристичките работници.
– „Мое мислење е дека каналот Студенчишта треба да се преуреди сите пловила да се тргнати да стане мала Венеција со охридски чунови туристите да се носат од кај мостот до Билјанини извори и назад а блатото да се заштити што повеќе може оти во езерото живеат риби има флора и фауна а не само пловни објекти“, вели Љупчо Стојкоски туристички водич .
И едриличарите се залагаат за концепт еко зелено Охридско езеро. Бараат наместо брзи глисери кои загадуваат и предизвикуваат врева, да се стимулира купувањето едрилици .
–„Нашиот концепт со едрилици до зелено Охридско езеро подразбира промовирње и поддршка на едрењето и едрилиците како симбол на градот Охрид. Барањата се следни Укинување на забраната за ноќно едрење, отстранување на бовите или хито поставување на светлосна сигнализација на истите, ослободување на дел од пристаништето за сидрење на едрилици како минатите две сеозни и намалување на царината на 0% и ДДВ на 5% при увоз на едрилици како еколошки пловни објекти“, вели Будимир Соколовиќ едриличар.
Капетанот на капетанија на пристаништа појаснува дека не може да се ограничи бројот на пловила, кои го загадуваат Охридското езеро, но уверува дека ќе се внимава на исполнување на еколошките стандарди.
– „Единствено што може да се прави и ќе се прави во иднина почнувајки од есенва е со имплементирање на разни европски алтернативи со што ќе се воведат ограничување по екологија односно по еколошките стандарди на самите мотори а способноста на самите чамци и по година на произвдство тоа е неопходно . Тоа неодамна настапи и во Хрватска и во некои други земји. По година на производство и по еколошки стандарди ќе има рестрикции и тоа е она што ќе донесе до регулација на самиот број на пловила“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа на РМ.
Каналот Студенчишта во кој се влева водата од прочуените Билјанини извори со децении е загадено паркиралиште, преполно со пловила. голем дел од нив оштетени и неупотребливи. Во него сопствениците ги мијат пловилата и ги дополнуваат со гориво.
Новинар Соња Рилковска