Елементарна непогода во пчеларството годинава

Пчеларите од Охрид, Струга и Ресен прогласија елементарна непогода во пчеларството годинава.

Бараат итна помош од владата, за како што велат  катастрофалната пчеларска сезона заради лошите и неповолните климатски услови.

Пчелните семјства поради немање на природна храна и полен   не се воопшто развиени.

– Долгата, ладна и сушна зима беше почеток на проблемите со кои се соочивме априлските мразеви ги покосија нашите први приноси , а екстремно сушните денови во јуни, јули и август ставија крај на нашата на нашите надежи за бериќетна година. Па уште еднаш апелирам за помош,  изјави Тони Јосифоски од пчелароското здружение од Охрид.

Пчеларите велат доколку не добијат помош од владата ќе претрпат огромни загуби. Бараат помош во пари или во натура,  прихрана и медикаменти.

– Во некои региони микроклиматски региони во Македонија штетите во пчеларството се страшни. Во некои делови се благи но сепак има и поизразени. Се доведува можност за угинување голем број пчелни семејства, изјави  Љупчо Станкоски пчеларско здружение од Ресен.

– Експертите велат ако ја нема пчелата за неколку години ќе престане и животот на земјината топка. Оваа иницијатива ја поддржаа и екологистите кои наназад години опоменуваат како предвреме да се подготвиме за вакви неприлики. Посебно тука апел до институциите и тие треба да се агилни, рече Ванчо Стојаноски  овоштар.

Здруженијата на пчелари во охридско преспанскиот  регион бројат околу стотина пчелари, на кои основниот извор на егзистенција им е токму пчеларството.

Новинар Соња Рилковска

 Канал 5 ТВ 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани