Емилија најдобра ученичка во ОУ „Григор Прличев“

Чествувањата на патрониот празник во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид  започнаа.

Деновите на Прличев со кои се одбележуваат двата јубилеа не би биле целосни доколку не Ве потсетиме на –Најдобрата меѓу најдобрите! Нашата ученичка Емилија Николовска, пишуваат од школото. 

Бројни се наградите и успесите со кои Емилија го промовираше училиштето, градот, но и татковината. Правејќи ретроспектива на нејзините постигања во толку многу области се јавува чуство на гордост не само кај наставниците туку и кај соучениците. Нејзините успеси започнаа уште во 2015 година кога го освои првото место на државниот натпревар по англиски јазик за во 2018 година да освои четврто место на  Финалниот меѓународен натпревар по англиски јазик „English without Borders –Hippo 2018“ кој се одржа во Италија. Покрај успехот на натпреварите по англиски јазик таа го владее и германскиот јазик и во 2018 година го освои третото место на државниот натпревар по германски јазик.

-Емилија редовно ги освојува првите награди на натпреварите по физика и математика, а 2019 година ќе остане запаметена со нејзиното учество на Интернационалната  Јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа во Доха, Катар. Таа беше дел од националниот тим кој го сосвои бронзениот медал, а на таа олимпијада учествуваа натпреварувачи од 70 држави во светот, информираат од училиштето. 

Тешко се наоѓаат зборови да се опише ваква извонредна личност, нејзината надареност и талентираност предизвикува нем восхит кај оние кои имаат можност да комуницираат со неа. Ова се само дел од нејзините успеси а ние сме горди што во нашите клупи има ученик како неа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани