Фалсификувале исправи за купување возило

Лажните договори ги склучиле охриѓанец и лешанец-заедно добиле кривична.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(43) од село Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,фалсификување исправа” и ,,измама при добивање кредит или друга погодност” и против С.И.(59) од Охрид поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,фалсификување исправа” и ,,употреба на исправа со невистинита содржина”. Во периодот од 01.07.2016 до 21.07.2016 година пријавените изготвиле лажен договор за купопродажба на патничко возило помеѓу првопријавениот како купувач и второпријавениот како продавач. Потоа, на 21.07.2016 година, првопријавениот го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. На 09.08.2016 година прво и второпријавениот изготвиле нов лажен договор за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот како продавач и второпријавениот како купувач, по што второпријавениот во Отсекот за управни работи – Охрид наведените договори ги доставил во прилог на барањето за регистрација на возилото. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани