Фатен е крадецот на 30000 евра

За своето „ремек дело“, крадецот е награден со пријава и притвор.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Н.(26) од охридското село Вапила. 
Tој на 04.08.2020 година, со употреба на физичка сила и подесен алат, влегол куќа во селото Лескоец и одзел 30.000 евра и 5.000 денари. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles