Фатен е разбојникот во охридската поштa

Ефикасна акција на охридската полиција за фаќање на разбојникот.

За само десеттина минути, охридската полиција го фати разбојникот кој со нож влезе во охридската пошта зад Мини маркет.

Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид информира дека „денеска околу 12.30 часот, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, во СВР Охрид приведен е Д.С.(37) од Пробиштип, со постојано место на живеење во Охрид. Приведувањето е извршено откако, во СВР Охрид е добиено телефонско известување за стореното казнено дело извршено во експозитурата на „Македонски пошти“ во Охрид, зад Мини маркетот“. Според пријавеното, околу 12.20 часот, во експозитурата влегол, за вработените непознат маж, кој со остар предмет во раката се заканал и побарал да му бидат предадени пари.
–Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави портпаролот Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани