Во Охрид е фатен измамник од Романија, кој успеал да прелаже повозрасен жител од гевгелиско и да му одземе 550 евра.
Портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, вели дека СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Г. (30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”. Како што информира портпаролот Димоски,средбата помеѓу пријавениот и оштетениот се случила на седми април годинава,во 09 часот и 50 минути на улицата „Галичица“ во Охрид.
– Тука,сега пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во гевгелиското село Негорци и лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека истите не можел да ги враќа назад. Откако продолжиле со разговор, пријавениот романски државјанин на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за да си купи авионска карта. Откако му побарал уште 550 евра и бил одбиен од оштетениот, пријавениот ги зел 550-те евра (33000 денари) и избегал, изјави Димоски.
Од охридската полиција апелираат, граѓаните а посебно повозрасните да внимаваат при контакти со непознати лица кои им нудат купо-продажба на разни производи, да не наседнуваат на такви разговори а сите слични ситуации да ги пријават на полицискиот број 192.