Два силни земјотреси го „дрмаа“ југозападниот дел од Македонија и Охрид ноќеска и рано утрово. Првиот во 02 часот а вториот во 08 часот.
Според Европската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ) јачината на земјотресот изнесува 4.1 степен.Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел.Земјотресите што силно беа почувствувани во Охрид, предизвикаа страв кај охриѓани посебно кај оние што живеат во погорните катови од стамбените згради. Дел од нив, извесно време ги напуштиле становите излегувајќи во дворовите а дел од граѓаните, своите емоции ги споделуваа на ФБ.
Инаку, не престанува да се тресе тлото по силниот земјотрес кој деновиве го погоди грчкиот остров Лезбос.најсилниот потрес бил со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Овој земјотрес бил почувствуван и на територијата на Турција.Во оваа недела дури три земјотреси кои се случиле на грчките острови биле силно почувствувани и на територијата на Турција.