Фатен крадец кој извршил повеќе кражби во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ како и против Џ.М.( 62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,прикривање”. Во периодот од 23.09.2019 до 02.02.2020 година, С.Ѓ. на улиците ,,Железничка“,.,,АСНОМ“, .,,Галичица“,,,Даме Груев“,,,Богомилска“ и на други локации во Охрид, со физичка сила влегувал во објекти и одземал различни предмети, додека второпријавениот по многу ниска цена, ги купувал предметите, иако знаел дека потекнуваат од кривични дела.
