Фатен крадецот кој на две повозрасни жени им одзел чанти со пари

Полицијата го уапси крадецот кој на две повозрасни жени им одзел чанти со пари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“  и „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани