Фатен тандем охридски крадци

За извршени 11 тешки кражби, тандемот добил кривична.

Поради постоење основи на сомнение за сторени 11 казнени дела „тешка кражба“ , СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) како и против К.А.(48) за казненото дело „прикривање“, двајцата од Охрид.
Според изјавата на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, „Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги извршил во периодот од 01.10.2019 до 21.01.2020 година во викенд-станови и куќи во Охрид, во приградските населби Рача и Исток како и во викендици и хотел во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тој користел подесен алат и физичка сила и одземал електрични апарати, бела техника, прехрамбени производи и пијалоци, уметнички слики други предмети, кои потоа му ги давал како залог на второпријавениот К.А.“

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани