Фатени рибарски мрежи со белвица.
На 16.11.2020 во времето од 13,00 до 16,00 часот од полициски службеници на околу 1000 метри од брегот на Охридското eзеро, спроти авто камп биле пронајдени рибарски мрежи со улов од риба белвица. Риболовниот алат бил подигнат и предаден во Полициска станица за граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.