Охридската полиција ги приведе тепачите што се степаа во охридско кабаре.
Секторот за внатрешни работи Охрид, на 29 овој месец околу 02 часот, од кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид, ги приведе следниве шест лица: И.Ј.(34) од Охрид, И.М.( 31) од селото Белчишта-општина Дебарца, Н.М.(од селото Лешани-Дебрца, Б.Л.( 27) од Гостивар, И.М.(31) и Љ.С. (34), двајцата од селото Белчишта.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски, приведувањето е извршено по случено нарушување на јавниот ред и мир во кабарето, најнапред со вербална расправија а потоа и со тепачка помеѓу прво пријавениот и останатите учесници. Натамошниот тек на нанарушувањето е спречено од полициски инспектори кои навремено реагирале и оневозможиле нарушување од поголем обем.Против сите приведени лица, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
