Колку диви депонии има Дебарца?

Во Македонија има околу 2000 диви депонии.

Според Министерството за животна средина, само во општина Дебарца има девет ризични и неконтролирани депонии кои значително влијаат врз загадувањето на животната средина и се без запазени еколошки стандарди. Во Југозападниот плански регион има 100 комунални и диви депонии без никакви еко стандарди кои претставуваат сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето, како и за природното и културно наследство на УНЕСКО. Општина Дебарца не се противи на проектот на Министерството за решавање на проблемот со дивите депонии, но не ја прифаќаат одлуката на владата и се спротивставуваат на изградбата на регионална депонија на подрачјето на Дебрца.Според нив, неприфатливо е, регионалната депонија да биде изградена на локацијата „Годивје 2“, во сливното подрачје на Охридското Езеро, на десетина километри од заштитената зона на УНЕСКО.
Во октомври минатата година, на референдум жителите на Дебарца гласаа против а минатиот викенд организираа протест против изградбата на регионалната депонија.Дебрчани упатија предупредување дека никогаш нема да дозволат изградба на депонија во нивната општина, нагласувајќи дека се работи за еколошки чиста и незагадена средина.

Social profiles