Велгоштанец преку фејсбук се заканувал на семејство на полицаец.
Поради тоа што собраќаец застанал возач кој возел автомобил без таблици, револтираниот возач се заканувал на ФБ кон семејството.Тој заработил кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.К.(34) од охридското село Велгошти.
-На 20 мај оваа година, пријавениот, од својот профил на социјалната мрежа ,,Фејсбук” упатил пораки со сериозни закани кон член од семејството на полициски службеник од полициската станица за безбедбност во сообраќајот на патиштата Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавениот, тоа го сторил револтиран што, претходниот ден полицискиот службеник го запрел сега пријавениот при управување на патнички автомобил без регистарски таблици и му издал платни налози за констатирани прекршоци по Законот за безбедност на патиштата во сообраќајот.
