Во Охрид ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм.
Фестивалот кој се одржува по 13-ти пат, ќе се одржи од 7 до октомври во Скопје и уште девет градови во внатрешноста на земјата.
Во рамките на фестивалот, во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат прикажани филмовите:
– „Чик“ (комедија/драма) на 07.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „Тони Ердман“ (трагикомедија) на 08.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „Авантурата на Нели“ (детски филм) на 09.10.2017 година со почеток во 13:00 часот
– „На иста висина“ (филм за деца и младинци) на 10.10.2017 година со почеток во 13:00 часот
– „Херберт“ (драма) на 09.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
– „24 недели“ (драма) на 10.10.2017 година со почеток во 20:00 часот
Влезот за сите проекции е бесплатен.