За шест години 1343 мртви бебиња во Македонија

Точно 1.343 новороденчиња починале во првата година од нивниот живот во Македонија за последните шест години, односно од 2011 година до лани, до 2016 година.

 

Податоците се од Државниот завод за статистика и покажуваат дека во просек годишно умираат по над 200 новородени. Лани во земјава починале дури 273 новороденчиња или просечно на секои 32 часа умирало по едно бебе, пишува Newsroom.mk.  Според статистика овие податоци покажуваат дека лани стапката на смртност кај доенчињата изнесува 11,9 проценти на 1.000 живородени. А процентот од бебињата кои умираат во првата година од раѓањето на 1.000 бебиња во светот е познат како „стапка на морталитет на бебињата“. Македонија е меѓу земјите со пониски стапки на смртност, разбирливо оти високите проценти се во земјите од Африка и неразвиениот свет. Ако се споредуваме со европските, ситуацијата, сепак не е толку добра.

Бројките од извештаите на статистика можеби нема да заболат колку исповед на родители или блиски кога сведочат дека судбината си поиграла со нив, па останале без најмилите. Само минатата недела четири новороденчиња ја изгубија битката со животот кој им дојде предвреме, во скопскиот Клинички центар. Со години назад на оваа тема и политичките противници сакаа да поентираат во дневно политичката агенда. Во таков обид СДСМ лани како опозициска партија некаде на средината на годината обелодени дека на Клиникиата за гинекологигија за шест месеци починале 80 бебиња. А таа 2016 година, навистина била една во која смртноста на бебињата е поголема во однос на претходните неколку години.

Еве ги податоците

Година Починати
2016 273
2015 198
2014 233
2013 237
2012 230
2011 172

Најголем дел или безмалку сите од овие новоредни починале во болница. Според извештаите, најчеста причина за смртта се респираторни проблеми.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани