Филев традиционално со подароци за туристките од Црна Гора

Брендот „Филеви“  традиционално со изненадување и вредни подароци за гостинките, кои престојуваат во градот по повод Денот на жената.

На Античкиот театар утрово  туристите ја слушнаа приказната за античкото време, за борбите со гладијатори и богатата  вековна историја,  а  воедно добија и вредни оригинални охридски бисери.

 Најсреќната доби комплет накит подарок охридски бисери, а останатите бисерни обекти. 

– Најпрвин сакам да го чеситам Денот на жената. Ние овој ден традиционално го прославуваме со еден чин како еден добар гест за странските гости. Секоја година традиционално на различна локација низ преубавиот Охрид бидејки секој камен има своја историја го менуваме локалитетот. Годинава на Античкиот театар во содејствие со фолклорното дриуштво Филиграни и брендот Михајло Филев да направиме една култура промоција на нашите природни реткости  во една прекрасна слика ред странските туристи“, вели Михајло Филев сопственик на брендот „Филеви“.   

Гостинките воодушевени.. 

-„Ова  патување го добив на подарок од моите деца. Одамна имав желба да го посетам Охрид. Моите деца ми ја исполнија а овој подарок е вистиснко задоволство на среќата и нема крај.Прв пат доаѓам во Охрид воодушевена сум од гостопримството на народот, топол народ вистина имаат душа“, вели Ангелина Бајиќ од Подгорица  добитничка на охридски бисери. 

Во прекрасен амбиент, сончево време традиционална македонска музика и оро сите заедно го прославија Денот на жената. 

-„И оваа година  ја продолжуваме традицијата. До година на нова атракција од Охрид. Продолжуваме понатаму.Женскиот дел од гостите овие награди ги дочекуваат со воодушевување и имаме полн погодок. Најдобрата реклама за нас е кога гостинките ке седнат на кагфе и ќе раскажуваат за Охрид“, вели Љупчо Јузмески туристички водич. 

Овој викенд Охрид има голем број туристи од регионот , традиционално најбројни се групите од Црна Гора,Србија, Грција, Албанија и Бугарија.

Новинар Соња Рилковска

Фотографии:

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани