Охрид традиционално, по 15 ти пат, ги изненанади гостинките, кои престојуваат во градот по повод Денот на жената.
Во близина на древната Света Софија , во Музејот на охридскиот бисер, познатиот произведувач на оригинални охридски бисери Михајло Филев им подари бисери на групата туристки од Србија.
Гостинките воодушевени, сите добија бисерни обетки, а најреќната судијката , која славеше и роденден доби комлет накит од охридски бисери.
Пријатно изненадени велат овој гест ќе го паметат вечно.
-„Се заблагодарувам од срце ова е големо изнендување за мене. Ова е преубав и прескап поклон. Отсекогаш сум сакала бисери. Носам синтетички бисери, верувајте ова радо ќе го носам на важни случувања, свечености, судења“, вели наградената туристка од Србија.
Изминативе години многу туристки од Балканските земји преку различни атрактивни настани во градот добиваат подароци преку кој се афирмира брендот на Охрид, надалеку прочуените охридски бисери.
.jpg)
-„Ова е еден вид на афирмација, не само на охридскиот бисер како бренд на Охрид и Македонија, туку и на културните историски локалитети на Охрид. И така имаме една комплетна понуда на се она што Охрд го пружа по повод н жената празникот 8 ми Март“, вели Михајло Филев изработувач на охридски бисери.
-„Голема блгодарност до широкоградоста на фамилија Филеви, која традиционално ги нагрдува готинките во Охрид за Денот на жената. Иако има некои откажувања заради корона вирусот но очекуваме до април се да се среди и да имаме убава сезона “, вели Љупчо Јузмески туристички водич.
Новинар Соња Рилковска
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
