Двајца охригани фатени со дрога.
-„На 08.03.2020 во 03.40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Д.С.(28) и Д.Т.(29), двајцата од Охрид поради тоа што при преглед на патничко возило „Алфа Ромео“ со охридски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашката материја, а Д.С. бил затекнат како конзумира дрога. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
