Дуо крадци завршија со кривична

Тандемот крадци се од селото Требеништа.

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „кражба“ и „тешка кражба“, СВР Охрид подмесе кривична пријава против Б.Ј.(43), Ј.П.М.(20), двајцата од селото Требеништа, општина Дебарца.
-Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот од 01.11.2019 година до 20.01.2020 година на подрачјето на Охрид и селата Требеништа и Мешеишта. Користејќи подесен алат и физичка сила насилно влегувале во куќи и други помошни простории и одземале компјутер, агрегати, алати и други предмети. На тој начин, тие се стекнале со против правна имотна корист од околу 87 000 денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани