Синоќа нападнат е млад охриѓанец

18 годишникот не ги знае напаѓачите.

Полицијата трага по неколку лица кои синоќа околу 22 часот нападнале 18 годишно момче. Според соопштението од канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, „на 06.03.2020 година околу 22 часот, на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од неколку, засега непознати лица врз Н.Н.(18) од Охрид. Него му била укажана медицинска помош во Општата болница во Охрид и пуштен на домашно лекување. СВР Охрид презема мерки за идентификување на напаѓачите“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани