Филипче во Охрид: Се полнат болниците, бројот на новозаболени расте

Се полнат болниците во земјава, бројот на новозаболени со корона вирусот расте. Критична е состојбата во неколку градови меѓу кои  Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово.

Анализите покажуваат дека најголем број на новозаболени има во градовите со мал процент на вакцинација, рече министерот за здравство  при денешната посета на охридската болница. Во Охрид, каде  околу 50% од населението е имунизирано има само 9 хоспитализирани лица. Ова е доказ дека само вакцинираните се прилично безбедни,вакцините се ефикасни и ефективни, рече Филипче.

Нема достапен опис

„Од вкупно 3497 новозаболени во изминатите седум дена 3047 се невакцинрани што значи само 10% се вакцинирани и позитивни и тие што се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба.Она што дополнитлено охрабрува е дека од вкупниот број на вакцинирани во нашата држава околу 400 илјади ревакцинирани околу 500 илјади со прва доза само 0,002% се заразиле“, изјави Венко Филипче министер за здравство.

Освен со бараниот сертификат за вакцинација од понеделник во угостителските објекти ќе може да се влегува и  со потврда за прележан вирус во рок од 45 дена.

-„За влез на сите настани,кои се организираат на затворено или отворено ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 дена тоа се оние неопходни 30 дена да помине времето за вакцинација и 15 дена да се организира вакцинацијата“, додаде Филипче.

Нема достапен опис

Последната анализа покажа дека 40% од заболените биле на некаква прослава, забава или свадба. Според министерот вакцини има доволно, а вакцинацијата во сите градови во земјава се одвива непречно. По 8000 граѓани дневно се вакцинираат со првата доза.

Наспроти тврдењата на угостителите, Филипче вели  мерките од понеделник ќе може да се спроведуваат со контрола на електронски сетификат.Тој не ја исклучува можноста во иднина да следат и дополнителни мерки на границите во државата.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани