Физички напад пред маркет во Лескоец.
05.06.2020 година околу 14 часот, пред маркет на локален пат во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.П.(20) врз Т.М.(21) и нејзината 14 годишна сестра, сите од истото село. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
