Фордот се запалил во возење.
Ноќеска пред полноќ, во 23.50 часот, Д.С.(48) од Охрид, во полициска станица пријавила дека додека го управувала своето патничко возило „форд ка“ по бул.„Туристичка“ во Охрид, настанал пожар во предниот дел од автомобилот. Со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е целосно изгаснат.
